12 жени од странство откриени во две кафеани во охридско-струшко

Полицијата денеска на подрачјето на СВР Охрид (во кое спаѓаат Охрид, Струга и околните места), откри 12 странски државјанки, од кои пет биле со нерегулиран престој во Македонија, соопшти МВР.

„Во акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид вчера во два угостителски објекта откриени се 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија. Пет од нив биле без пријавен престој во земјава“, велат од полицијата, не откривајќи ја локацијата или каква било друга информација за локалите во кои се пронајдени жените.

Во угостителските објекти, Трудовиот инспекторат констатирал неправилности поради што ќе следат соодветни санкции.

„Странските државјанки се предадени на Одделението за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот