11 симптоми што укажуваат дека ковид-19 го нападнал и срцето

Медицинско лице со Шпанија/ Фото: EPA-EFE/Fernando Villar

Веројатно и вие мислите дека ковид-19 е респираторна болест, но според досегашното искуство, тој може да биде и инфекција на срцето, како и на белите дробови, а новите истражувања постојано укажуваат на фактот дека последиците од болеста може да бидат многу непријатни.

Новите истражувања објавени во списанието „Американско списание на итна медицина“, потврдува дека пациентите со ковид-19 може да доживеат:

  • воспаление на срцевиот мускул – миокардитис
  • срцев удар
  • срцев застој
  • неправилни отчукувања на срцето
  • појава на крвни згрутчувања

Постојат сигнали што укажуваат на појавата на некои од наведените состојби, како што предупредуваат од клиниката „Мејо“, па внимателни прочитајте за кои станува збор.

  1. Отекување на ногата

Ова е еден од симптомите на создавањето крвно згрутчување – тромб, а обично се појавува само на едната нога.

  1. Болка во нозете

Во листот на ногата, поради крвното згрутчување се појавува тапа болка, која потсетува на грчеви.

  1. Црвена кожа

Ако згрутчувањето (тромбот) дошло во рацете или во нозете, обично се појавува и промена на бојата на кожата, која станува црвенкаста или со сина боја, појаснуваат стручњаците и додаваат дека тие промени можат на кожата и да останат поради настанатата штета на крвните садови.

  1. Чувство на топлина во болната нога

Повторно станува збор за крвно згрутчувања: Може да почувствувате силно и постојано грчење во ногата, болка и чувствителност кога ќе застанете на ногата. Како што состојбата се влошува, така кожата ќе поприми црвенкаста боја и ќе стане топла на допир.

  1. Притисок во градниот кош и во рацете што се шири

Непријатност во градите, како и во средината на градниот кош, која трае подолго од неколку минути или доаѓа на бранови. Непријатноста може да се почувствува како непријатен притисок, стискање, потење и болка. Ако забележите кој било од следните симптоми, веднаш посетете лекар. Ако навреме ги воочите знаците на срцев удар, навремената лекарска интервенција може да ви го спаси животот.

  1. Мачнина

Дигестивните проблеми, киселината во желудникот, болката во стомакот и мачнината, може да бидат и симптоми на болеста ковид-19, но и на срцевиот удар.

  1. Недостиг на воздух

Со оглед на тоа дека ковид-19 е и респираторна болест, тешкотиите со дишењето може да значат дека се работи за срцев удар или за коронавирус. Секако обратете се кај лекар ако не можете да дишете!

  1. Ладна пот

Кога срцето отежнато работи, вложува многу повеќе труд за да ја пумпа крвта. Може да станете и анксиозни, а обрнете внимание на тоа колку се потите.

  1. Замор

Притоа, не се мисли на оној вообичаен замор што го чувствуваме на крајот од тешкиот ден, туку на целосниот недостиг на енергија. Тоа може да биде сигнал дека нешто не е во ред со срцето.

  1. Нагла појава на вртоглавица

Ако го забележите овој симптом, веднаш јавете се кај лекар!

  1. Палпитации

Тие претставуваат чувство на срцевите активности, а се опишуваат и како чувство на треперење на срцето или забрзана работа, како и прескокнување. Со овој симптом може да се појават и тешкотии со дишењето.

Некои истражувања упатуваат дека некои лекови што се користат за лекување на ковид-19 може потенцијално да предизвикаат компликации по кардиоваскуларното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот