10 скриени знаци дека сопругот ве изневерува

profimedia

Кoј подобро ќе нè упати во тајните на изневерувањето од жена која тоа го искусила на „своја кожа“?

Една 29-годишна жена која раскинала со своето момче, кое, излегло, дека е во брак, сака да им помогне на другите жени да ги забележат знаците на измама пред да биде предоцна. „Никогаш не помислив дека ќе станам љубовница, за мене беше ужасна идеја да го преземам мажоѕ на друга жена. Бев измамена и станав љубовница на оженет човек. Мислам дека мажите изневеруваат затоа што ја достигнуваат фазата кога ќе почнат да се прашуваат дали е ова сè што можат да го очекуваат од животот и сакаат да ја тестираат својата машкост“.

Таа признава дека се чувствува виновна затоа што била во врска со татко на две деца, кој ѝ кажал дека неговиот брак е завршен. „Си ветив дека никогаш повеќе нема да бидам љубовница, бидејќи мојата врска со оженет маж заврши многу лошо, ме оставаи депресивна и болна, со нарушена самодоверба. Драго ми е што можам да им помогнам на другите жени да ги забележат знаците на предупредување“.

Останува до доцна

Дали често легнувате без партнерот? Ако вашиот сопруг останува буден до доцна навечер, додека сите други се во кревет, тоа може да биде знак дека тој работи нешто на Интернет за што се бара приватност. Се разбира, може да станува збор и за деловна работа, но не го земајте овој знак здраво за готово.

Промена во потрошувачките навики

Патнерот почнува мистериозно да троши пари, а оди дотаму што дури и ќе подигне кредит без ваше знаење. Секој има право да ги троши своите заработени пари, но во брак, мора да бидете искрени за трошењето пари.

Промена на музичкиот вкус

Можеби изгледа малку претерано, но ако вашиот сопруг одеднаш почне да слуша некој нов бенд или одреден жанр на музика, тој можеби е под влијание на друга жена. Можеби се обидува да импресионира некој што сака одреден вид музика со „симнување“ на целата дискографија на групата. Се разбира, ова не е сигурен знак, но препорачливо е да се обрне внимание.

Таинственост со уредите

Повеќе шифри и кодови на телефонот, лаптопот и социјалните мрежи дефинитивно се црвено светло. Иако сите имаме право на приватност, личноста која ништо не крие, нема да има проблем да ви даде пристап до мобилниот телефон.

Поминува премногу време со колешката

Мажите своите љубовници обично ги нарекуваат колешки, а деловните излети ги користат како изговор за нивно друштво. Ако вашиот сопруг минува премногу време со љубовницата и инститира дека таа му е само пријателка, бидете внимателни.

Саркастични одговори

Мажите кои изневеруваат често измислуваат приказни за да ги сокријат своите лаги. Често се саркастични или духовити за да ви го свртат вниманието од нивната невозможност искрено да ви одговорат.

Нови навики и манири

Ако сопругот почне да користи модерни фрази, нови изреки и гестови, бидете внимателни. Со кого го минува времето? На ова често не обрнуваме внимание, но дефинитивно може да укажува на неверство.

Нарцизам

Дали одеднаш е опседнат со купување на нова гардероба или со губење на килограми? Секако, одењето во теретана не е 100 отсто знак дека има друга жена. Можеби само се обидува да води здрав живот, но не е на одмет да обрнете внимание.

Интимните односи станале обврска

Ако нема веќе искри во спалната соба, можеби е тоа знак дека искрите се на друго место. Можеби е ова само природна последица на монотонијата во долгата врска, па обидете се да ги зачините работите.

Емотивна оддалеченост

Повеќе не ви зборува за тоа како го минал денот и за своите чувства. Дури и во текот на кавгата, не се обидува да изнесе аргументи или да ја смири ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот