Венко Андоновски во белградска „Лагуна“
Деновиве, белградскиот издавач „Лагуна“ го објави во ексклузивно издание романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски на српски јазик.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Лагуна“ на корицата од книгата го најавува Андоновски како „современ класик на македонската книжевност“, повикувајќи се на предговорот на руското издание, за кое авторот лани беше во номинација за Толстоевата награда, а каде стои: „Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.
„Лагуна“, според ексклузивен договор, ќе ги објави и сите други романи на Андоновски во следниве години.
Паралелно, во Скопје, во издание на „Три“, се појави и второ издание од најновата книга раскази на авторот, „Припитомување на кучката“.


