Ѕвездата од „Хари Потер“ со својата ќерка за неколку часа собраа милиони обожаватели

Instagram

Актерот Руперт Гринт може да се пофали дека неговата ќерка „го сруши Интернетот“. Познатата ѕвезда од „Хари Потер“, минатата година стана татко, а во ноември си направи инстаграм-профил и за неколку месеци доби милион следачи на таа социјална мрежа.

Фотографијата со неговата ќерка со која го обележа своето постоење на социјалната мрежа „Инстаграм“ му донесе на 32-годишниот актер милион обожаватели за само 4 часа и 1 минута.

Гринт и неговата девојка Џорџија Грум, го срушија рекордот кој го држеше Дејвид Атенборо, кој собра милион обожаватели за 4 часа и 44 минути.

Instagram
Instagram

Мислам дека Венстеј го сруши Интернетот. Заслугата е дефинитивно нејзина“, напиша Реуперт, додавајќи дека не мислел дека некогаш ќе отвори профил на социјалната мрежа.

Во 2019 година рекордот го држеше инстаграм-профилот на Џенифер Анистон и војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Но, сега Гринт и Атенборо ги надминаа.

Instagram
Instagram

Со објавата што му донесе рекорден број следбеници на „Инстаграм“, Руперт Гринт за прв пат официјално ја претстави ќерката Венстеј пред јавноста.

Instagram
Instagram

Еј, Инстаграм… Доцнам само десет години, но еве сум. Гринт на Грам! Тука сум да ви ја претставам на сите Венстдеј Г. Гринт“, напиша Руперт Гринт во описот на фотографијата.

Џорџија Грум и Руперт Грин се заедно до 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот