Звезда во офанзива на Миротиќ, му го понудила најголемиот договор во историјата на српската кошарка

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Сагата која изгледаше како да нема крај е блиску до својот епилог. Никола Миротиќ е желба на повеќе евролигашки клубови, но не може секоја екипа да си дозволи во екипата да има кошаркар од таков калибар.

Откако стана јасно дека дефинитивно заминува од Барселона, прв во редот застана Милано, потоа Монако, па Олимпијакос…Се споменуваше Партизан, но како што пренесуваат грчките медиуми денес најблиску до потписот на Миротиќ е Црвена Звезда.

„Црвена Звезда води во трката за Миротиќ, понуден му е договор вреден три милиони евра“, објави грчкиот портал „SDNA“.

Ако информациите на грчкиот медиум се точни, тогаш Миротиќ би го добил најголемиот договор во историјата на српската кошарка. Ќе потсетиме, Миротиќ заминува од Барселона затоа што шпанскиот клуб поради финаниските проблеми не можеше да му го исполни големиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот