Зошто се прославува Нова година? Занимливости за новогодишната ноќ и потеклото на календарите

Новата година претставува крај на една година, односно почеток на друга година, тоа е момент што се слави ноќта на 31 декември. А годинава, повеќе од кога било, ќе биде момент на транзиција – од тешка година во идна полна со надеж.

Приказната за Новата година, прослава со паганско потекло, влече корени од ерата на Вавилонците кои ја прославувале промената меѓу една и друга година на пролетната рамноденица, враќајќи ги земјоделските алатки добиени на заем како знак на добри намери. Во 46 година п.н.е. Јулиј Цезар го воспоставил Јулијанскиот календар (заснован на циклусот на годишните времиња) и празникот, кој за античките Римјани имал цел да го слави таткото на боговите, богот Јанус, (по кого месецот јануари го добил своето име) така започнал да „паѓа“ меѓу 31 декември и 1 јануари . Почнувајќи од 1582 година, со воведување на календарот од страна на папата Григориј XIII, Новата година почнува да се прославува вака како што ја знаеме.

Низ минатото, земјите од Европа и светот прославувале различни датуми што ја означувале Новата година, но со текот на вековите, овие локални различности станаа сè порамномерни, особено по 1691 година, година во која папата Инокентиј XII утврди дека годината треба да се започнува на 1 јануари.

Сепак, сè уште постојат популации што го следат Јулијанскиот календар, како и некои православни цркви, кои новата година го прославуваат на денот што одговара на 14 јануари според Грегоријанскиот календар.

И традициите поврзани со овој таканаречен фестивал се менувале со текот на времето.  Почетокот на новата година не можел да се замисли без имела која се сметала за извор на прочистување, но и како вистински еликсир против стерилитет, до огнометот, измислен во Кина околу осмиот век н.е.

Од старата кинеска традиција дошол обичајот да се носи нешто црвено кога се прославува почетокот на новата година. Според кинеската традиција, всушност, црвената е бојата што го плаши ѕверот Нијан кој на новогодишната ноќ излегува од морските длабочини за да се храни со човечко месо. Но, црвената боја се сметала за добар знак и во империјалниот Рим, па затоа за време на прославите на новата година, жените биле облечени во виолетова боја, боја која симболизирала храброст, страст, моќ и плодност. Друга традиција била да се остават прозорците ширум отворени на полноќ или да се фрлат старите работи (најчесто преку прозорец) за да се остави простор за нови, идни убави работи и проекти.

Потекло на календарите

Календарот што го користиме, Грегоријанскиот, произлегува од Римскиот календар, изменет низ вековите. Првиот календар што го користеле Римјаните бил календарот на Ромул, за кој имаме прилично нејасни податоци – првиот месец бил март и не е јасно дали месеците биле десет како што тврди Овидиј или дали јануари и февруари веќе постоеле. Римскиот историчар Тит Ливиј му го припишал на вториот крал на Рим, Нума Помпилиј, лунизоларниот календар кој имал дванаесет месеци со 29 до 31 ден, што Римјаните го користеле до 46 година п.н.е. Во овој календар наречен Нумански, годината траела 355 дена, десет дена помалку од сончевата година, а за да се компензира оваа разлика, се додавал еден месец од 22 или 23 дена на секои две години – овој додаден месец бил наречен Мерцедониус.

Календарот на Нума претрпел многу промени низ вековите. Интересно е што првично месецот февруари следувал веднаш по декември, а дури подоцна бил преместен да „доаѓа“ после јануари, додека првиот ден во годината „паѓал“ во месецот март. Секоја засебна година била обележана со името на актуелниот конзул во таа година, бидејќи нивната должност имала годишен мандат.

Грешките карактеристични за календарот на Нума се должеле на грешките на свештениците кои го правеле календарот. Така, на крајот, календарот насобрал доцнење од околу три месеци во споредба со циклусот на сезоните.

Јулиј Цезар му наредил на александрискиот астроном Сосиген да дизајнира нов, пофункционален календар. Според тој календар, кој стапил на сила во 46 година п.н.е., годината имала 456 дена, односно додаток на три месеци. По смртта на Цезар, календарот бил преименуван во негова чест, но и корегиран. Овој календар бил сличен на нашиот, со дванаесет месеци со 30 или 31 дена, освен февруари, кој имал 29 дена, и на секои 4 години, престапна година.

Јулијанската година траела 365 дена и 6 часа. Разликата во должината од само седум минути од точната должина не ги загрижувала Римјаните, но со текот на вековите, по седум минути годишно, календарот повторно не се нашол во согласност со промената на годишните времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот