Зошто најмоќните жени во светот за Велигден носеа иста боја: Што порачува пастелно сината боја?

Оваа боја е симбол за мудрост, разбирање и посветеност, но и сериозност и побожност…

Минатиот викенд ширум светот се обележа прославата на католичкиот Велигден.

Според традицијата, најпознатите семејства ширум светот одеа на миса, а еден детал не успеа да ни побегне – многу моќните жени на овој ден се појавија во иста боја – светло сина.

Случајност или со облеката сакаа нешто да порачаат?

Да почнеме од самата пастелна палета – нежните тонови од било која боја покажуваат префинетост, нежност и вистинска, аристократска елеганција.

Сината е боја која ги симболизира двете најубави природни појави – небото и морето. Симбол е и за длабочина и стабилност, а се верува и дека помага да се избистри умот.

Се поврзува и за смиреноста и спокојот.

Светлосината боја исто така е симбол на побожност и сериозност, па можеби и не е чудно што најмоќните жени ја одбрале токму за најголемиот христијански празник.

Лицата во светло сина боја зрачат со интелигенција и свеченост.

Светлосината боја е и симбол на здравјето, излекувањето, разбирањето и мекоста, но исто така и симбол за доверба, посветеност, мудрост, вера, вистина и рај.

За разлика од сите останати дами кои за Велигден избраа светлосина боја, шпанската кралица Летиција понесе тегет фустан со дискретни, нежни цветови, кои, пак, симболизираат знаење, сила, интегритет и сериозност.

Всушност, познатите дами тренди боите ги вклопија со традиционалното значење и празникот, но и со облеката порачаа дека тие се оние во кои навистина можете да имате доверба, бидејќи се лојални, мудри, интелигентни, сериозни, но и побожни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот