Зошто Холивуд ЈА МРАЗИ Гвинет Палтроу? Бурни караници, мавање со помфрит…

принтскрин

Гвинет Палтроу е вистински лидер на листата на најомразени славни ѕвезди, како кај публиката, така и меѓу нејзините колеги.

Гвинет и Винона Рајдер беа блиски другарки, се додека Гвинет не го пронашла сценариото за „Вљубениот Шекспир“ кај Винона и потоа направила се за таа да ја добие улогата. Трудот се исплатил, бидејќи Гвинет доби Оскар за оваа улога, а Рајдер оттогаш ѝ нема прозборено.

Наводно, скарана е и со Кејт Мос, откако Гвинет ја навредила, а манекенката и вратила дака што ѝ фрлила порција помфрит со сос во лице. Откако Мадона отвори студио за фитнес, истото го направила и Гвинет, правејќи конкуренција од пријателството.

Во однос на љубовните испади, постојат озборувања дека додека била во врска со Бред Пит спиела со британскиот глумец Џон Хан, а потоа и дека го изневерувала Бен Афлек со Виго Мортенсен. Се зборувало и дека е во тајна врска со сопругот на топ-моделот Ел Мекферсон.

Омразата ја навлече и со неколку неумесни изјави во врска со здравата исхрана и животните навики, дека не им дозволува на децата да јадат супа од кесичка, ниту пак леб и ориз.

Во 2012 на нејзиниот профил на Твитер се појави твит со реченицата „Црнчугите навистина се во Париз“. Подоцна се оправда дека твитот го напишала за време на настап на Канје Вест и Џеј Зи и дека е само насловот на нивната песна.

И покрај сите скандали, таа уште е актуелна и привлекува внимание, било да е со појавата, навиките или пак, изјавите за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот