Зоран Кастратовиќ е новиот тренер на Пролет 62

Поради лошите резултати Зоран Кастратовиќ ја напушти клупата на босанската Слобода Тузла/фото: рк металург

Денеска ракометниот клуб Пролет 62 ја информираше јавноста дека Никола Матлиевски повеќе не е шеф на стручниот штаб, откако двете страни спогодбено ја прекинаа соработката.

Матлиевски четири години беше на клупата, помагајќи му на тимот да оствари добри резултати на домашната ракометна сцена. Клубот веднаш потоа го објави наследникот, нов тренер на РК Пролет 62 е Зоран Кастратовиќ кој потпиша договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката на најмалку уште една година.

Пред новиот стратег е остварување на зацртаната цел од стартот на сезонава – пласман на едно од првите четири места во плејофот и обезбедување на учество во европските купови за 2021/2022.

Искусен стратег кој во кариерата ги има водено Вардар и Металург, имаше успешен ангажман и во катарскиот Ал Џаиш, а извесен период мина и како селектор на Црна Гора. Последен ангажман му беше на клупата на Металург, тим со кој успеа да обезбеди влез во групната фаза од Лигата на Европа.

– Мило ми е што повторно ќе работам во квалитетен тим од македонскиот шампионат. Запознаен сум со квалитетите на Тинекс Пролет, верувам дека овој состав има потенцијал за да оствари добри резултати до крајот на сезонава. До крајот на сезонава имаме уште шест средби, а само со заедничка работа и максимална ангажираност можеме да стигнеме до она што сите го посакуваме – Тинекс Пролет да излезе во ракометна Европа. Благодарност до управата на клубот и верувам дека ќе ја оправдам нивната доберба и ќе им помогнам во остварувањето на зацртаната цел – вели Кастратовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот