Зоолошката градина повеќе не е кандидат за член на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пред две недели скопската Зоолошка градина го изгубила статусот кандидат за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА), затоа што во текот на изминативе две години не ги исполнила обврските зададени од ЕАЗА.

В. д. директорот Зоран Попов за порталот СДК потврдил дека Зоолошката не е повеќе кандидат, но не прецизирал кои биле причините за тоа да се случи.

Според неофицијалната информација на порталот, на почетокот на јуни Зоолошката градина со официјална е-пошта е информирана дека повеќе не е кандидат за член на ЕАЗА, поради прекинот на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, стагнацијата на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.

Во следните осум години Зоолошката нема право повторно да аплицира за кандидатски статус и не може да соработува со ниедна европска зоолошка, ниту пак со кандидати за членови на ЕАЗА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот