Золтан Ковач: ЕУ треба веднаш да почне преговори за членство со Македонија

Фото: Принтскрин

Европската унија би требало веднаш да ги започне преговорите за членство на Македонија, изјави унгарскиот државен секретар за меѓународни односи, Золтан Ковач.

Ковач, за време на посетата на Виена, истакна дека унгарската Влада верува оти проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан треба да биде приоритет на Брисел, нагласувајќи дека Будимпешта е против одлагање на приемот на западнобалканските земји во Унијата.

– Историјата покажува дека секогаш настануваат проблеми кога не посветуваме внимание на регионот. Обединувањето на Европа е нешто што се уште не завршено, истакна Ковач – додавајќи дека смета оти Србија и Црна Гора се подготвени за членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот