Значителен пад на цените на горивата – Слободен печат
ВестиЕкономија

Значителен пад на цените на горивата

Новите цени на горивата ќе стартуваат од ноќеска на полноќ, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои стартуваат од ноќеска на полноќ.

Со одлуката на РЕК, горивата ќе поевтинат за 3, односно за 2,5 денари по литар.

Според новиот ценовник, бензинот „Супер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар, а за исто толку се намалува и „Супер 95“ и литар ќе чини 66,50 денари.

Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60,00 денари за литар.

Екстралесното масло за горење од полноќ ќе се продава по цена од 49,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по цена од 33.851 денар за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close