Змија долга два метри најдена во двор во Драчево!

Огромна змија долга повеќе од два метри е пронајдена во двор на тераса во Драчево, дознава порталот „24 инфо“. Сопствениците велат дека утрово биле многу непријатно изненадени од ненадејниот посетител. Тие тврдат дека станува збор за некој тип на змија отровница.

За детали, од „24 инфо“ се јавиле во Зоолошката градина во Скопје од каде им рекле дека змијата не е опасна.

Јорданчо Милошевски, биолог во Скопската зоолошка градина градина вели дека змијата е  Dolichophis caspius, или народски жолт смок.

-Пролет е време вообичаено кога се појавуваат змии. Станува збор за многу неопасен тип на змија поради која не треба да се крева паника. Воопшто не е опасна по здравјето на луѓето. Колку што можам да оценам од фотографијата станува збор за возрасна единка. Луѓето треба само да ја избркаат со некој стап. Обично бега од луѓе и галама, вели Милошевски. Според него не станува збор за некој опасен тип на змија отровница и граѓаните не треба да се вознемируваат бидејќи ја има во урбана средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот