Зизу пред ждрепката за ЛШ: Доколку играме против нив, ќе ги „елиминираме“!

twitter.com/VamosHazard

Веќе се познати двата шешири, носителите и неносителите пред ждрепката за извлекување на осминафиналните двојки која што ќе се одржи в понеделник (16. декември) со почеток од 12.00 часот во Нион.

Носители, 1. шешир: Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ, Валенсија.

Неносители, 2. шешир: Аталанта, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Челзи, Лион, Наполи, Реал Мадрид, Тотенхем.

Сите учесници во нокаут фазата доаѓаат од Топ 5 европските лиги, од Шпанија и Англија по четири екипи, по три од Германија и Италија, и две од Франција.

Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 18/19/25/26 февруари, а реванш средбите на 10/11/17/18 март 2020 година.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан доби прашање од медиумите, дали се надева дека неговиот тим ќе го избегне Ливерпул, актуелниот бранител на европската титула, тој одговори:

– Доколку играме против нив, ќе ги елиминираме – рече францускиот стратег кој потоа во посериозен тој додаде дека не можат да влијаат на ждрепката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот