Зијадин Села побара да нема проблеми при регистрирањето на дијаспората за пописот

Зијадин Села
Зијадин Села / Фото: МИА

На седницата на централното претседателство на Алијансата за Албанците што се одржа во Тетово, партискиот претседател Зијадин Села побара Државниот завод за статистика да ги отстрани проблемите на дијаспората кои според нивни информации не успеале да се регистрираат за пописот. Според него на денешниот прв ден нивната партија добила поплаки дека не можат иселените лица да ја направат постапката преку интернет.

– Се надевам дека е технички проблем, дека не се работи за намерен проблем алгоритам од страна на Заводот за статистика кој би имал за цел да секој петти, шестти или седми да го исфрли од пописот бидејќи на тој начин пописот нема да биде валиден. Затоа ја користам оваа прилика да се обратам јавно до директорот на Заводот ако се работи за технички проблем да се преземат мерки и да се регулира овој проблем. Да се обратам и на дијаспората – секој кој не може да се попише онлајн да се јави на семејството и блиските во Македонија да ги дадат податоците за да тие ги попишат. Цениме дека е многу важно пописот да се одржи, после 20 години немање попис. Овој процес е важен за државата и не треба ниеден граѓанин без можноста да се попише. Се надевам дека не приредуваат некакви сценарија како на времето Ахмети и Груевски за пописот, изјави Села.

Лидерот на оваа партија за време на новинарските прашања истакна дека бракот како институција правно е повисоко од добивањето државјанство и затоа треба да се олесни добивањето на документот за припадност кон државата.  

– Фактот за да се откажеш од државјанство не треба да се води некој судски процес, а за да раскинеш брак треба да се води судски процес покажува дека во правото дека бракот стои како институција многу повисоко од државјанството.  Жално е премиерот Заев што манипулира со овој дел од измените на законот кои ние сме ги предложиле бидејќи ова се однесува само на оние граѓани од 1991 година кои биле затекнати тука кога Македонија прогласи независност и кога автоматски од државјанство на СФРЈ се премина во државјанство на Република Македонија, рече Села.

Тој упати прашање јавно до Заев – колку сведоци нему му требале за да премине од СФРЈ на државјанство од Македонија.

– Очекувам Заев да се извини за оваа неправда која им е нанесена на граѓаните на оваа држава, а живеат тука 30 години, тука и плаќаат даноци, но немаат можности да се вработат, ниту да остварат здравствено осигурување и немаат никаква иднина тука, а тие се десетици илјади граѓани, посочи Села.

Претседателството на партијата на вечерашниот состанок расправа за повеќе политички актуелности меѓу кои и локалните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот