Зидан се пишмани, ги враќа отпишаните

Реал Мадрид по поразот од Рома на пенали ги заврши контролните натпревари во пресрет на новата сезона која стартува идниот викенд.

Изненадувачки, помеѓу пријавените фудбалери за наредната сезона се наоѓа и двоецот кој ги полнеше насловните страници на весниците со можните трансфери, Герет Бејл и Хамес Родригез. Тренерот Зинедин Зидан изминатиов период постојано изјавуваше дека Бејл нема иднина на „Сантијаго Бернабеу“, истото го велеше и за Родригез, но во отсуство на адекватни понуди, тренерот е приморан да ги регистрира за наредната сезона.

– Хамес и Бејл се дел од нашиот тим. И двајцата се регистрирани за наредната сезона, но нормално е дека е можни и евентуални промени до крајот на летниот преоден рок. Јас како тренер на Реал Мадрид морам да сметам на нив – вели Зидан.
Реал Мадрид новата сезона во Ла лига ја започнува наредниот викенд со гостувањето кај Селта Виго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот