Зидан: Гласини за враќање на Роналдо во Реал? Сè е можно!

epa08917745 Juventus? Cristiano Ronaldo celebrates scoring his second goal during the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs Udinese Calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 03 January 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека Еден Азар повторно е повреден и дека нема да игра против Аталанта на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Азар не тренираше во понеделникот, па новинарите прашаа што се случува со белгискиот фудбалер сега.

– Азар не е подготвен, тој нема да игра против Аталанта. Не можам да објаснам за што станува збор. Има мала повреда, се надевам дека наскоро повторно ќе биде со нас. Ги замолувам навивачите да бидат трпеливи, сите знаеме каков играч е Еден – рече Зидан.

„Кралскиот“ клуб тогаш потврди дека станува збор за повреда на мускулите на десната нога и дека не е познато кога тој би можел повторно да биде на теренот.

Францускиот стручњак воедно беше запрашан дали постои можност Кристијано Роналдо да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

– Гласини за враќање на Роналдо? Сè е можно! Го знаеме Кристијано. Но, тој сега е играч на Јувентус, мора да го почитуваме тоа. Ќе видиме што ќе се случи во иднина – вели Зидан.

На крајот, Зидан зборуваше и за реванш дуелот со Аталанта. Неговиот тим победи со 1:0 на првиот натпревар.

– Мораме да започнеме од почеток, како да не сме направиле ништо. Ќе биде тежок натпревар, мора да бидеме максимално концентрирани. Како да е финале. За да одиме понатаму, мора да играме фантастично. Тие сигурно доаѓаат со желба да победат – се зборовите на Зизу.

Дуелот во Мадрид е на програмата во вторник од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот