Зидан е лут на медиумите: Судиите постојано ни помагаат? Уморен сум од тоа…

EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Тренерот на Реал Мадрид вели дека му се смачија приказните дека неговиот тим има постојана помош од судиите.

Реал Мадрид денеска идентично како и во претходното коло успеа да победи со минимален резултат и тоа со гол од пенал. Но, денешната средба против Атлетик Билбао помина во знакот на контроверзните одлуки на судијата и на ВАР технологијата.

Во 73. минута бекот на Реал Мадрид, Марсело беше нагазен од противничкиот играч по што беше досуден пенал кој го реализира Серхио Рамос.
Но, подоцна се случи идентична ситуација во шеснаесетникот на Реал Мадрид кога Рамос го напази противникот, но судијата и ВАР собата останаа неми.

– Уморен сум од приказните дека победуваме благодарение на судиите, Реал Мадрид заслужува респект. Никој нема да не оттргне од нашата цел, ова беше важна победа. Го направивме тоа што моравме да го направиме но додека и теоретски не ја обезбедиме титулата нема да има опуштање – изјави Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот