Жозе Мурињо има свој фаворит на Европското првенство
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо исто така со големо внимание ќе ги следи натпреварите на Европското првенство..
Португалскиот стратег има свој фаворит на претстојниот континентален собир, а тоа е репрезентацијата на Англија.
Мурињо верува дека составот е преполн со фудбалери кои играат важни улоги во Англија. Потсетување дека Англичаните се во групата со Шкотска, Хрватска и Чешка.
Составот на Англија за ЕВРО 2020
Голмани: Дин Хендерсон (Манчестер јунајтед), Сем Џонстон (Вест Бромвич Албион), Џордан Пикфорд (Евертон)
Одбрана: Бен Чилвел (Челси), Конор Коуди (Вулверхемптон), Рис Џејмс (Челси), Хари Мегвајер (Манчестер јунајтед), Тајрон Мингс (Астон Вила), Лук Шо (Манчестер јунајтед), Џон Стоунс (Манчестер сити), Киран Трипие (Атлетико Мадрид), Кајл Вокер (Манчестер сити)
Среден ред: Џуд Белингем (Дортмунд), Фил Фоден (Манчестер сити), Џек Грилиш (Астон Вила), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Мејсон Маунт (Челси), Калвин Филипс (Лидс јунајтед), Деклан Рајс (Вест Хем), Букајо Сака (Арсенал), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд)
Напад: Доминик Калверт-Левин (Евертон), Хари Кејн (Тотенхем), Маркус Рашфорд (Манчестер јунајтед), Рахим Стерлинг (Манчестер сити)
– Оваа генерација на Англија е преполна со добри играчи, неверојатни се. Затоа на селекторот Герет Саутгејт нема да му биде лесно околу тоа кој ќе игра на натпреварите. Што се однесува до нивните шанси, натпреварите од групната фаза ќе ги играат на домашен терен, полуфиналето и финалето исто така ќе се одржат во нивната земја. Ако тоа не се случи во 1996 година, мора сега. Кога, ако не сега? – се зборовите на Мурињо.
ЕВРО 2020
Група „Д“, распоред на натпревари
13 јуни Англија – Хрватска „Вембли“, Лондон (15.00 часот)
14 јуни Шкотска – Чешка „Хемпден парк“, Глазгов (15.00 часот)
18 јуни Хрватска – Чешка „Хемпден парк“, Глазгов (18.00 часот)
18 јуни Англија – Шкотска „Вембли“, Лондон (21.00 часот)
22 јуни Хрватска – Шкотска „Хемпден парк“, Глазгов (21.00 часот)
22 јуни Чешка – Англија „Вембли“, Лондон (21.00 часот)
ВИДЕО: Хет-трик на Давид Виља и почеток на доминацијата на Шпанија!