Рекорди кои може да бидат соборени на Евро 2020

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Европското првенство кое започнува на 11 јули и на кое за прв пат ќе учествува и фудбалската репрезентација на Македонија, исто така премиерно ќе има 24 селекции. Континенталниот собир за прв пат исто така ќе се игра во 12 градови, односно во 12 различни држави.Поради големиот број на натпревари на ЕП се очекува да се соборат бројни рекорди.

Највеќе голови на едно ЕП – Досегашниот рекорд по бројот на постигнати голови беше поставен на ЕП 2016 година кога беа постигнати 108 гола на 51 натпревари. Но, сега кога за прв пат ќе има 24 репрезентации на ЕП, овој рекорд сигурно ќе биде соборен.

EPA/OLIVER BERG

Највеќе постигнати голови од една репрезентација – Во историјата на ЕП додега три пати се случило една репрезентација да постигне 13 гола на еден континентален собир. Два пати тоа и успеа на Франција во 2000 и 2016 година, а во 2000 година и Холандија исто така даде 13 голови.
Овој рекорд по броот на постигнати голови се очекува да биде соборен токму на ова ЕП, а највеќе шанси за тоа да го сторат им се дава токму на Французите. Во селекцијата на „галските петли“ се врати Карим Бензема, а партнер во нападот ќе му биде Килијан Мбапе,  што ги натера експертите да очекуваат Франција да постигне доста голови.

Највеќе различни стрелци за една репрезентација на натпревар – Дури седум репрезентации досега на ЕП имале по четири различни играчи кои се запишале во листата на стрелци на еден натпревар. Прво тоа и успеа на СФР Југоадлавија во 1960 година, а потоа истото го сторија и Данска (1984), Шведска (2004), Германија (2012), Шпанија (2012), Белгија (2016) и Франција (2016).

Највеќе учества без да се помине групната фаза – Четири репрезентации имаат по две учества на ЕП во коие не успеаја да ја поминат групаната фаза. Три од нив ќе играат и на ова ЕП. Австрија не ја помина групната фаза во 2008 и 2016 година, Шкотска во 1992 и 1996 година, Украина во 2012 и 2016 година, а Бугарија која нема да игра на Евро 2020 не ја помина групата во 1996 и 2004 година. Според обложувалниците, најмали шанси да ја помине групата и се дава на Шкотска.

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Највеќе победи на едно ЕП – Никој досега не успеал да ја освои титулата и да оствари шест победи. Франција на три Европски првенства имаше по пет победи, додека на Шпанија тоа и појде од рака само еднаш. Со проширениот формат на 24 селекции кои ќе играат на ЕП, на патот до титулата шампионот ќе мора да одигра седум натпревари со што постои можност да се собори рекордот на Франција и Шпанија.

Највеќе порази на ЕП – Во оваа категорија две репрезентации ќе имаат можност да го зголемат негативниот рекорд. Станува збор за Данска и Русија кои во досегашните настапи на ЕП имаат по 17 порази.
Највеќе голови кои ги примил европскиот шампион – Франција која стана европски шампион 2000 година играше напаѓачки фудбал постигнувајќи 13 голови, но исто така прими седум гола.
Најголем период помеѓу две титули европски шампион – Во 2008 година кога Шпанија ја освои титулата, тие до неа чекаа дури 44 години.
На ова ЕП, селекцијата на Италија ќе има можност да го собори овој рекорд. „Аѕурите“ последен пат беа европски шампиони во далечната 1968 година и доколку сега триумфираат, ќе го прекинат постот од дури 53 години на кој чекаат нова титула.

Џад Белингем/EPA-EFE/Peter Powell

Најмлад фудбалер на ЕП – Најмладиот фудбалер кој настапил на натпревар на ЕП е Холанѓанецот Џетро Вилијамс кој во 2012 година имаше само 18 години и 71 ден кога влезе во игра. Вилијамс тогаш ги одигра сите три натпревари за Холандија во групната фаза.
Шанса да го собори рекордот на Вилијамс има младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џад Белингем бидејќи на денот на одигрување на големото финале, англискиот репрезентативец би имал 18 години и 12 дена.

Најмлад стрелец на ЕП – Сопственик на овој рекорд е Швајцарецот Јохан Фонлантен кој во поразот на неговата репрезентација на ЕП 2004 од Франција со 3.1, постигна гол со 18 години и 141 ден.
Покрај Белингем, шанса да се запише во историјата ќе има и полскиот репрезентативец Каспер Козловски кој дури во октомври ќе наполни 18 години.
Највеќе постигнати голови од пенал – По два гола на едно ЕП од пенал имаат постигнато Алан Ширер, Гаиска Мендиета, Зинедин Зидан, Дранк Арнесен и Богдан Станчиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот