ВИДЕО: Хет-трик на Давид Виља и почеток на доминацијата на Шпанија!

epa01396886 Spanish national soccer team players Xavi Hernandez (L), Alvaro Arbeloa (C), David Villa (C-R) and Andres Iniesta (2-R) celebrate with their team-mates after the EURO 2008 semi-final soccer match between Russia and Spain at the Ernst Happel stadium in Vienna, Austria, 26 June 2008. Spain won 3-0. EPA/HANS KLAUS TECHT +please note UEFA restrictions particulary in regard to slide shows and 'No Mobile Services'+

Остана уште малку до стартот на Европското првенство кое официјално ќе започне на 11 јуни, а во продолжение ќе се потсетиме на почетокот на доминацијата на Шпанија и одличната партија на Давид Виља.

Ве враќаме на Европското првенство во 2008 година одржано во Австрија и Швајцарија. Во групната фаза „црвената фурија“ убедливо ја совлада Русија со резултат 4:1.

Шпанската репрезентација дојде на ова Европско првенство како еден од фаворитите за освојување на титулата, најмногу благодарение на нејзините квалитетни играчи во нападот. Чави Хернандез, Андрес Иниеста, Фернандо Торес и Давид Виља беа напаѓачките опции, додека на клупата беа Санти Казорла и Сеск Фабрегас.

На овој натпревар против Русија, сите погледи беа свртени кон напаѓачот Давид Виља, кој тогаш беше еден од најдобрите напаѓачи на светот. Во 20-та минута „Ел Нињо“ се проби по левата страна и ја додаде топката до Виља кој ја испрати во мрежата и донесе водство за Шпанија. Русите имаа свои шанси преку Роман Пављученко, но не дојдоа до реализација. Казната стигна во последната минута од првото полувреме кога расположениот Виља ѝ избега на руската одбрана, помина топката низ нозете на Игор Акинфеев за зголемување на предноста.

Хет-трикот беше комплетиран во 75 минута, Виља ја прими топката во шеснаесетникот, со дриблинг се ослободи од еден противнички играч за 3:0, за свој хет-трик на почетокот на шампионатот и што е најважно за историја на Европското првенство.

Русите успеаја да постигнат утешен гол во 86-та минута преку Пављученко, кој со глава ја затресе мрежата на Шпанците, а конечниот резултат го постави Фабрегас за 4:1.

ВИДЕО: Најстарото ривалство во фудбалот и незаборавниот гол на Пол Гаскоњ!

Ова беше само почеток на шпанската доминација. На крајот тие го освоија Европското првенство во Австрија и Швајцарија со победа во финалето против Германија, а голот на одлуката го постигна Фернандо „Ел Нињо“ Торес во победата од 1:0.

Истиот трофеј го одбранија на ЕП 2012 година кога во Киев (Украина) со убедливи 4:0 во финалето ја совладаа Италија.

ЕВРО 2020: Можеби последна шанса за „златната“ генерација на Белгија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот