Жителите од три улици во Ѓорче Петров на протест: Блокада на Радушка поради дивоградба

Од утре па во наредните денови, жителите на улиците „Знеполе, Македонска преродба и на Ѓурчин Кокале, од 12 до 16 часот секојдневно ќе протестираат со блокирање на улицата Црногорска, поранешна Радушка, во Општина Ѓорче Петров.

„Улицата е раскопана од јавните служби и веќе една година не е санирана, а особено сме револтирани и ќе протестираме за тоа што на самата улица во тек е изградба на објект без одобрение за градба, односно, секојдневно се преземаат дејствија на кривично дело Бесправно градење по член 244-А од КЗ, а и поради неколку други објекти кои веќе се изградени на истиот начин за кои треба да се гонат по службена должност“ – се вели во најавата на протестот.

Жителите од трите улици велат дека протестот ќе трае сѐ додека надлежните заедно со Општина Ѓорче Петров не го стопираат градењето на, како што велат, дивоградбата и не се поднесат соодветни пријави за сторителите.

Граѓаните не сакаат нови згради во Ѓорче, бараат да не се одобруваат ДУП

Иницијатива против урбано дивеење: Не сакаме облакодери во Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот