Жичарницата утре ќе работи вообичаено, автобусите ќе возат како во недела

Фото: ЈСП „Скопје“

Градските автобуси утре, на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од ЈСП информираат дека жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот, притоа од 17 до 17.30 часот ќе биде последното возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последното возење од горе надолу.

За граѓаните кои ќе имаат потреба да ги надополнат картичките „скопска“ дежурни ќе бидат две билетарници, на излезот од Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот