ЖЕНСКИ ПРОБЛЕМИ: Како најлесно да се ослободите од подбрадокот?

Принтскрин

Подбрадокот, односно масниот слој кој се собира под кожата, е проблем со кој многу жени се соочуваат, а би сакале да можат лесно да се ослободат од него.

Поради масниот слој, кожата ја губи еластичноста. Во некои случаи е последица на генетиката, но значајно придонесува и вишокот килограми и лошиот животен стил.

Постојат хируршки интервенции со кои за најкратко време се видливи резултатите, но ситуацијата може да се подобри и со одредени вежби и промена на животните навики. Јадете храна богата со колаген и хијалуронска киселина, избегнувајте индустриски преработки и рафинирани шеќери и внесувајте „посни“ протеини кои потекнуваат од живина или риба, како и масти кои ќе ги внесете преку маслиново масло, авокадо и јатки.

Ова се неколку вежби кои ќе ви помогнат во процесот на ослободување од подбрадокот:

ВИКАЊЕ – Отворајте ја устата како да сакате да викнете. Оваа вежба ги тонира мускулите на целото лице.

ВРТЕЊЕ ГЛАВА – Не правете нагли потези, туку нежно вртете ја главата лево, па десно, па потоа горе и долу. Направете серија од 10 повторувања.

ЈАЗИК КОН НЕПЦЕ – Притиснете го јазикот на горното непце. Со ова ја вежбате мускулатурата на вратот.

НАИЗМЕНИЧНО ТУШИРАЊЕ – Како и за целото тело, така и за подбрадокот важи дека наизменичното туширање со ладна, па со топла вода ќе ја подобри циркулацијата.

БАКНЕЖ „КОН ТАВАН“ – Кренете го лицето кон таван и наместете ги усните како за бакнеж. Повторете по петпати на секои три часа.

ВЕЖБА СО ТОПЧЕ – Ставете мало топче под брадата и притиснете кон вратот. Оваа вежба може да ја повторите 25 пати дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот