12 C
Скопје

Жените – неприкосновени борци за промени, со стремеж за слобода и еднаквост

Денешниов ден го одбележува непроценливото значење на жената воопшто, во сечиј живот, како на индивидуално, така и на колективно ниво. Несомнено 8-ми март треба да биде потсетник за стремежот кон еднаквоста на жените на секое ниво и препознатливоста на улогата што тие ја исполнуваат. 

Бројни се жените кои низ историскиот развој имаат реализирано многу нешта по кои дефакто, заслужуваат да бидат споменати и препознаени, сѐ со цел да се поттикне и денешната маса на жени, да продолжи да се бори за своите права од секој можен аспект.

Мириам Макеба (1932-2008)

Позната и како „Мајката на Африка“, Мириам за многумина претставува асоцијација за богатата африканска музика, чие значење таа го рашири ширум целиот свет. Потекнувајќи од Јоханесбург, ЈАР, таа почнала да работи уште од мали нозе, поради фактот што го изгубила својот татко и морала да придонесува за голата егзистенција на семејството. Покрај фактот што го освоила светот со својата музика и била наградена многупати, таа својот живот го има посветено на активизмот и борбата за еднаквост во Африка и Америка. Зборувајќи гласно на самит на Обединетите нации за расната нееднаквост и ужасниот апартхејд во нејзината родна земја, доживеала да биде прогонета од Јужноафриканската република во 1970 година и со тоа да ѝ бил одземен пасошот. Била 30 години во прогонство, преку музиката го оплакувала угнетувањето на нејзиниот народ и создала нови перспективи кај западниот народ за африканскиот живот и култура.

Прочитајте и...  Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус: Бара милиони за некои од најголемите хитови што ги напишала додека биле во брак
EPA/KIM LUDBROOK

Фана Кочовска – Цветковиќ (1927-2004)

Најмладиот народен херој на незаменливата Социјалистичка Федеративна Република Југославија била Фана Кочовска Цветковиќ. Родена е во селото Лавци, во близина на Битола, и на свои 14 години се придружила на македонско ослободително и комунистичко движење, при што со својот активизам го дала белегот врз тогашната борба против фашистичката окупација. Како млада партизанка, учествувала во препознатливиот Февруарски поход на Народноослободителната војска на Македонија со која се извршиле оперативни дејства против тогашните окупаторски сили. Била член на Централниот комитет на Југославија и прогласена за народен херој во 1953 година.

Фото: www.apla.mk

Суха Бехара (1967)

Одредени се сеќаваат на Суха Бехара, која како многу млада девојка пружила невиден отпор кон тогашниот режим во Либан и негувала комунистички гледишта. Со само 15 години се придружила на Комунистичката партија во 1982 година, кога Израел го окупирал југот на Либан, што неколку години подоцна ја навело да се обиде да изврши атентат врз лидерот на тамошната воена формација. Веднаш била затворена, цели 10 години била брутално измачувана, изложена на чести електрични шокови и поминала 6 години во самица. Откако медиумите и меѓународната заедница извршиле силен притисок, таа била ослободена од затворот во Киам, и по две години, окупацијата на Израелците завршила.

Прочитајте и...  Принцот Ендру за прв пат се обрати во јавноста по минатогодишниот скандал: Почина дедото на нацијата
Фото: Фејсбук

Фунмилајо Рансоме Кути (1900-1978)

Таа била наставник, политички активист и голем борец за правата на жените во Нигерија. Препознатлива по нејзиниот необичен стил на изразување и делување, била една од најеминентните лидери од својата генерација и воедно, првата жена која возела автомобил во Нигерија. Како доајен на женските права во земјата, била силен адвокат на жените во Нигерија и се борела да добијат право на гласање во државата. Мајка е и на Фела Кути, оригиналниот музичар кој беше гласен противник против неправдите во африканскиот свет и кој покажувајќи отпор кон воената власт во Нигерија, создал комуна која ја нарекол „Република Калакута“ каде неговите поддржувачи и пријатели можеле да се сместат и да го отстранат стравот од воените авторитети. За жал, комуната бил окружена од 1.000 нигериски војници и во моментот кога Фунмилајо го посетила својот син, била исфрлена од прозорец на вториот спрат и им подлегнала на повредите на свои 77 години.

Прочитајте и...  Филипче: Ќе се ограничи сумата која приватните болници ќе ја наплатуваат на ковид пациентите
Фото: Фејсбук

Поврзани вести

Животна мантра за секој хороскопски знак: Следете го срцето, но „понесете“ го и вашиот мозок со вас!

Слободен печат

Храна која треба да ја избегнувате доколку сте алергични на полен

Слободен печат

ФОТО: Грајмс се пофали со вонземјанските лузни – Девојката на Илон Маск ја покажа новата тетоважа

Слободен печат

Јанша ги предводи земјите на ЕУ кои сакаат „Голема Србија“ и распарчување на БиХ, Црна Гора и Северна Македонија

Слободен печат

ФОТО: Селена Гомез облиена во крв со лисици на рацете

Слободен печат

Ѕвездата на „Сам дома“ Меколи Калкин стана татко

Слободен печат

Остави Коментар