Жени нападнати од жени: Скопјанка нападнала вработена во поликлиниката Драчево

Фото: илустрација/архива на Слободен печат

Во текот на вчерашниот ден полицијата регистрираше три физички напади извршени од жени од страна на женски лица.

Вчера во 10:55 часот во Полициската станица во Драчево, В.П.(55) од Скопје пријавила дека околу 10:25 часот во поликлиника на подрачје на Драчево, додека била на своето работно место, била физички нападната од женско лице М.А.(27) од Скопје.

Во петокот во 13 часот во ОВР Кавадарци Н.К.(26) од Кавадарци пријавила дека на 1 октомври околу 01:00 часот во Кавадарци била физички нападната од Н.И. од Кавадарци.

Последниот инцидент е пријавен во 18 часот  во ОВР-Прилеп од страна на С.М.(27) од Прилеп. Имено таа пријавила дека околу 14.30 часот додека била на своето работно место како обезбедување во банка во Прилеп, била физички нападната од едно женско лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на трите случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот