Македонска полиција/ Фото: Миа

Жена пријавила дека и ги нема малолетните внуки, се сомнева дека работат во угостителски објект

Баба пријавила во полиција дека нејзините две внуки се оддалечиле од домот, а таа се сомнева дека работат во угостителски објект во струмичко село, информира МВР.

-На 12.07.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Радовиш, Е.К.(66) од с.Злеово, радовишко, пријавила дека на 10.07.2020, во периодот од 15.00 до 20.00 часот, нејзините две внуки Ј.К.(14) и А.К.(16) се оддалечиле од домот- стои во дневниот билтен на МВР.

Според пријавеното, таа се сомнева дека тие работат во угостителски објект во село Сарај, струмичко.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот