Земјите од Г7 се согласни за воена придружба на бродовите кои минуваат во Персискиот Залив

Лидерите на земјите од Г7 – САД, Канада, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија и Франција се согласија да ја истражат можноста за обезбедување воена придружба на комерцијалните бродови за да им се овозможи слободно да пловат во водите на Персискиот Залив, соопшти претседателството на Г7.

Соопштението дојде откако францускиот претседател Емануел Макрон оствари телефонски разговор со лидерите на Г7 во кој се дискутираше за војната меѓу САД и Израел против Иран и нејзиното влијание врз зголемувањето на цените на енергијата, објави Ројтерс.

„Формирана е работна група за да ја истражи можноста за придружба на бродови под соодветни безбедносни услови“, се вели во соопштението.

Претходно денес, командантот на поморските сили на Исламската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, изјави дека секој брод што сака да помине низ Ормускиот Теснец мора да добие одобрение од Иран, во спротивно ќе биде потенцијална цел на иранските сили.

Во објава на својот профил X, Тангсири потсети дека два брода што ги игнорираа иранските предупредувања претходно во денот  беа нападнати во Ормускиот Теснец, објави денес иранската државна телевизија ПресТВ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот