Земјите од ЕУ во 2024 година ќе испратат 21 милијарда евра помош за Украина

Жосеп Борел / Фото EPA-EFE/WU HAO

Земјите од ЕУ планираат оваа година да испратат воена помош за Украина во вредност од најмалку 21 милијарда евра. Во првите две години од воениот конфликт во Украина, ЕУ и додели помош од 28 милијарди евра, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

На прес-конференција, по неформалниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, тој рече дека ЕУ очекува да достигне 52 проценти од целта да испрати милион гранати во Украина до март оваа година.

Тој додаде дека капацитетот за производство на артилериски гранати во Европа до крајот на годинава ќе достигне 1,4 милиони годишно, додека сега е речиси милион.

Борел нагласи дека земјите од ЕУ планираат да обучат уште 20.000 украински војници, покрај веќе обучените 40.000, кои ќе сочинуваат вкупно 60.000 војници.

Шефот на европската дипломатија вели дека целта на Европската унија е до 19 февруари да започне поморска мисија во Црвеното Море, која треба да ги заштити трговските бродови кои се соочуваат со напади на хутите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот