Здружението „Хуманост“ ги поддржува возрасните луѓе со храна и со медицински услуги во Скопје

Стари лица / Фото: Marina Kovacevic / Alamy / Alamy / Profimedia

Водени од принципите за зедништво и пружање помош, здружението „Хуманост“ за време на пандемијата од Ковид-19, формираше четири тимови волонтери, од различни возрасни групи кои секојдневно даваат поддршка на луѓето. Неколку меѓународни упатства за справување со ширењето на Ковид-19, како и повиците за грижа и здравствена заштита на стари лица, како најранлива група на вирусот, биле дополнителниот мотивирачки фактор, пишува Независен.

Дистрибуцијата на храна и друга медицинска помош се спроведува во соработка со општината Центар, локалните бизниси, банката за храна, поединци и во согласност со мерките на претпазливост и упатствата што ги воспоставуваат властите.

„Во текот на април минатата година на пример, нашите тимови направија 40 посети на стари лица во нашата заедница и дистрибуираа еден тон млеко и повеќе од три тони прехранбени производи“, вели Сашко Јованов, извршен директор на „Хуманост“.

Освен што ги снабдуваа со храна и со медицински услуги здружението помага и при плаќање на сметките, со што ги одржува старите лица безбедни во своите домови. Тоа истовремено придонесува и за намалување на ширење на вирусот.

„Со преземените чекори им помагаме на најранливите групи во општеството, на оние на кои им е потребна нашата поддршка. Повеќето барања се однесуваат на храна и на медицинска нега, така што ние обезбедуваме таква поддршка врз основа на нивните потреби“вели Мартин Цаневски, волонтер на „Хуманост“.

„Би сакала да изразам голема благодарност до тимот за мобилност за помошта што ја дадоа во моментот кога ми требаше. Корона вирусот предизвика да бидеме во изолација. Имам 75 години и живеам со ќерка ми која е инвалид. Двете припаѓаме на ризичната група што нѐ прави да се чувствуваме немоќни“, вели В. П. корисник на услугите „Хуманост“.

„Хуманост“ е основано во 1998 година со мисија да ги подобри условите на луѓето во социјален ризик и да им понуди шанса за фер и одржлив квалитет на живот.

Здружението „Хуманост“ од 2016 година е дел од акцијата за поддршка на здравото стареење на возрасните лица преку обезбедување грижа, помош и поддршка на ниво во Општина Центар во Скопје. За време на пандемијата Ковид-19, Здружението „Хуманост“ продолжува да се фокусира на старите лица и на нивните потреби, со што ја исполнува својата мисија, да ги штити и да им помага на старите лица во нивните домаќинства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот