Здравствените власти предупредуваат дека Јапонија е пред најсериозната ситуација од почетокот на пандемијата

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонија се соочува со најсериозната ситуација од почетокот на пандемијата на ковид-19, изјави денеска главниот советник на владата за медицински прашања Шигеру Оми.

Градот домаќин на Олимпијадата вчера регистрираше 3177 нови случаи на коронавирус, што е рекорден број, втор ден по ред. На национално ниво, случаите по првпат го преминаа прагот од 9500 заразени.

– Најголемата криза е тоа што општеството не го разбира ризикот, рече Оми пред парламентарната комисија. Тој ја повика „владата да испрати посилна и појасна порака“.

Оми рече дека вакцинациите можат да го спречат ширењето на вирусот, но многу други фактори се закануваат да предизвикаат зголемување на инфекциите. Меѓу нив се многу заразна Делта варијанта, исцрпеност на општеството од ограничувања, како и Олимписките игри. Само 26,5 проценти од Јапонците досега се целосно вакцинирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот