Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

На последниот ден од изборната кампања, партиите ќе се обидат да ги придобијат гласовите на граѓаните преку презентирање на нивните програми што ги ветуваат за следниот четиригодишен период.

По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори,закажани за в среда.

На последниот ден од изборната кампања, партиите ќе се обидат да ги придобијат гласовите на граѓаните преку презентирање на нивните програми што ги ветуваат за следниот четиригодишен период.

Коалицијата „Можеме”  предводена од СДСМ ќе ги заокружи изборните активности во Битола, а претходно ќе ја посети скопската општина Кисела Вода, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата „Обнова за Македонија” ќе биде во Штип, Пробиштип и Карбинци.

Демократската унија за интеграција заедно со нејзиниот кандидат за прв премиер Албанец Насер Зибери и кандидатите за пратеници во сите шест изборни единици ќе одржи прес-конференција пред Собранието, а кај фонтана во Градскиот парк во Скопје своите кандидати завршно ќе ги претстави и ГДУ. Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” ќе ја заврши изборната активност во Охрид, а во Битола обраќање ќе има и носителот во ИЕ 5 и лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Прочитајте и...  Трамп или Бајден, кој ќе биде следниот претседател на САД?

На полноќ почнува изборниот молк по што веќе од утре почнува гласањето, кое годинава за првпат ќе трае три дена поради актуелната ситуација со корона вирусот.

Според Роковникот за одржување на изборите, утре ќе гласаат оние кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД 19 и лицата на кои им е определена мерка самоизолација. Тие ќе гласаат во своите домови, а гласањето ќе го спроведе посебен избирачки одбор формиран од ДИК.

Немоќните и болни лица, хронично болните, времено раселените лица, лицата згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа, како и затворениците и оние кои се во домашен притвор, ќе гласаат во вторник, еден ден пред одржувањето на изборите.

Прочитајте и...  Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Во среда, на денот на изборите, гласањето ќе започне од 7 часот, но ќе трае до 21 часот, односно ќе биде продолжено два часа подолго за разлика од претходните изборни циклуси.

Граѓаните ќе избираат меѓу кандидатите на 15 коалиции и партии. Право на глас имаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Поради пандемијата со коронавирусот, гласањето ќе се одвива според безбедносни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните подготвени од Комисијата за заразни болести.

Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат, Државната изборна комисија ќе ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршување на изборите. Конечните резултати од изборите ДИК треба да ги објави најдоцна во рок од 24 часа од денот на завршувањето на изборите.

Прочитајте и...  Турската лира во слободен пад

Прочитај повеќе

Во Унгарија 43 нови случаи на коронавирус, нема починати

Слободен печат

Бразил: Над 3 милиони заразени од коронавирус и повеќе од 100.000 починати

Слободен печат

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 ги одложи иселеничките средби во Делчевско

МИА Агенција

Автолитии од Бијело Поље до Бар: Колони автомобили на протест ширум Црна Гора

Слободен печат

Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Две семејства се тепаа пред Градска болница, интервенираше и полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат

Директорката Сотирова Бухова во самоизолација поради контакт со заболен член од семејството

Слободен печат

Затворени гласачките места во Белорусија: Прелиминарните резултати ја покажуваат доминацијата на Лукашенко

Слободен печат

Повеќе од 5 милиони заразени од коронавирус во САД

Слободен печат

Кириакидес: Вакцината за коронавирус би можела да биде достапна до крајот на годината

Слободен печат

Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат