Заврши блокадата на универзитет во Хонгконг

Полицијата во Хонгконг денеска стави крај на блокадата на кампусот на Политехничкиот универзитет, откако го држеше опколен 12 дена, во обид да ги уапси демонстрантите кои беа внатре, а кои поддржуваат независност од Кина.

Полицијата заплени речиси 4.000 молотови коктели, кои зад себе ги оставија демонстрантите.

Околу 100 полицајци првпат влегоа во кампусот вчера за да соберат докази и да ги отстранат опасните работи.

Во полициското соопштение се посочува дека заплениле 3.989 молотови коктели, 1.339 екплозивни предмети, 601 шише со корозивна тешност и 573 парчиња оружје.

Полицијата не ги пронајде приврзаниците на самостојноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот