Завршен увидот во опожарената куќа во Старо Нагоричане, нема остатоци кои укажуваат на опожарено лице

Фото: МИА

Извршен е детален увид на местото на опожарената куќа во Челопек, Старо Нагоричане, не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице и распишана е потрага, информираа денеска надлежните од МВР.

– Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на отсекот за потраги, соопштија од МВР.

Инаку, во текот на вчерашниот ден на терен со машина од комуналното претпријатие темелно се расчистуваше просторот околу куќата која претходно, со уште две соседни беше зафатена од пожар во Челопек, Старо Нагоричане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот