Застрелан во судница: Американец убиен во Пакистан додека му суделе за богохулење (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Полицаец во Пакистан / Фото: EPA-EFE/BILAWAL ARBAB

Според портпаролот на полицијата во Пешавар, напаѓачот пред пукањето му рекол на Насим дека е „непријател на религијата“ и дека заслужува смрт.

Американски државјанин е застрелан и убиен на судењето за богохулење во Пакистан додека се наоѓал во судница.

Тахир Ахмед Насим (47) починал во средата во градо Пешавар на северозападот од земјата откако еден граѓанин влегол во судницата и отворил оган пред судијата, јавуваат локални власти. Напаѓачот е уапсен на самото место, објави CNN.

На Насим му се судело поради обвинение за богохулење, зошто наводно, тврдел дека е пророк, што според пакистанскиот кривичен законик е злосторство кое се казнува со смрт или доживотен затвор.

Државното обвинителство на САД соопшти дека е „шокирано, ожалостено и огрчено“ поради убиството на Насим. Според влоастите во САД, „одредени поединци го намамиле Насим од неговиот дом во Илиноис во Пакистан, за потоа ги искористиле пакистанските закони за богохулење за да го притворат“. Насим од апсењето во 2018 година примал конзуларна помош од САД.

„Изразуваме сочуство до семејството на Тахир Насим, американски државјанин, убиен денеска во судница во Пакистан“, стои во соопштението објавнео вчера од американското Министерство за надворешни работи.

Според портпаролот на полицијата во Пешавар, напаѓачот пред пукањето му рекол на Насим дека е „непријател на религијата“ и дека заслужува смрт.

Локалната полиција истражува како осомничениот можел да влезе во судницата со оружје. Чувари обично се стационирани надвор од судската зграда, а полицајци ги чуваат некои од судските простории.

Цивилите во Пакистан не можат да купат оружје или да го носат без валидна дозвола, а на граѓаните обично не им е дозволено влегување во просториите на локалните судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот