Засега нема аларм за можни шумски пожари

Фото: МИА

Полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување, какo и Центарот за управување со кризи до јавноста и медиумите не пратија никакво предупредување од можноста за пламнување пожари и заштита на населението од нив, во период кога Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство испратија апел за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови што следуваат.

Целата територија на нашата држава, како што прогнозираат метеоролозите, деновиве ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза почнувајќи од денеска до недела.

Дирекцијата за заштита и спасување, согласно со Законот за заштита и спасување и Законот за шумите, треба да алармира за зголемената опасност од пожари на отворен простор.

Поради зголемените температури и настапувањето на сушниот период е зголемена опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува итна мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари односно на вработени во ЈП „Македонски шуми“, локалните самоуправи, противпожарните екипи, екипите на Црвениот крст и на полицијата.

Исто така, изостана и Дирекцијата за заштита и спасување да ги алармира градоначалниците активно да се вклучат со персонална и материјална помош во гаснењето на шумските пожари по барање на ТППЕ и ЈП Македонски шуми, доколку со ангажираните персонални и материјални ресурси нема можност да го локализираат појавениот пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот