Започна санација на детските игралишта во Карпош

Службите вршат поправка и санација на оштетените реквизити, клацкалки и лулашки, како и на заштитните огради.

Општина Карпош почна со санација на повеќе детски игралишта.

– Имено, целосно се санираше детското игралиште во Влае 2, кај спортските терени, а етапно ќе се санираат детските игралишта и во другите населби, информираат од прес-службата на Општина Карпош.

Службите вршат поправка и санација на оштетените реквизити, клацкалки и лулашки, како и на заштитните огради.

– Локалната самоуправа работи и на целосно нови паркови за деца. Веќе е достапно игралиштето за Тафталиџе 2 и Нерези, кај „Рафаело”. Во тек е и постапката за изведба на детска зона во Карпош 1, на ул. „Иван Аговски” (меѓу зградите 8 и 10). Исто така, нови детски игралиште ќе се направат и во Злокуќани и Карпош 3, соопштуваат од општината.

Од Општината ги повикуваат граѓаните на правилно и одговорно користење на овие игралишта, како и на урбаната опрема која е поставена во нивна околина (клупи за седење и корпи за отпадоци).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот