Започна палењето „стреловишта” за Прочка во Пијанец

Традицијата на палење смреков оган продолжи и во останатите места во делчевско. Потоа, како што велат постарите, се прави адетот амкање.

Во повеќе населени места во Пијанец започна палењето „стреловишта” од смрека. Адетот, како што велат жителите од населбата Маџир Маало, се прави вечерта на Прочка.

-Обичајот налага да се прават купови од смрека и на врвот се става висок колец со што смрековиот куп изгледа како „стреловиште”. Околу колецот се наредува смреката и се прави висок куп за да оганот трае подолго. Кога веќе оганот е пред згаснување истиот се прескокнува, велат жителите на Маџир Маало.

Традицијата на палење смреков оган продолжи и во останатите места во делчевско. Потоа, како што велат постарите, се прави адетот амкање.

-Амкање е адет со кој се верува дека оној, кој без раце ќе го улови јајцето кое е врзано за конец, ќе има најмногу среќа во следната година. Со денешниот ден помладите ја завршуваат посетата на домовите на постарите од кои се бара прочка за грешките од изминатата година, додаваат жителите од делчевската населба Милково Брдо.

Веќе од утре православните христијани согласно верувањата го започнуваат Велигденскиот пост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот