Западното нафтено ембарго Русија го гледа како прилика за отворање на уште нови пазари

Средоземно море нафта/ Фото AFP / AFP / Profimedia

Русија експресно го решава проблемот со западното нафтено ембарго. Имено според пишувањата на новинските агенции, Москва најверојатно веќе изнајмила околу 100 големи танкери за нафта и таа започнала да врши транспорт на рускиот енергенс во Индија. Според пишувањата на дел од западните медиуми, дел од „индиската“ нафта наводно ќе ја купуваат и европските земји само препакувана.

Руската мешавина на сурова нафта ESPO од далечноисточното пристаниште Козмино беше продадена во понеделникот на азиските пазари за околу 79 долари за барел, што е речиси една третина повисока од горната граница наметната на руската нафта од страна на Г7 и Европската унија. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци и проценки на Refinitiv истражувачки центар кои се бави со информации од индустријата.

Русија извезува до 65 милиони тони нафта ESPO Blend годишно преку гасоводот Источен Сибир-Тихи Океан (ESPO), вклучително и до 35 милиони тони преку пристаништето Козмино.

Во тој контекст новинските агенции објавија дека цените на нафтата се зголемиле во вторникот, откако предходно паднаа за повеќе од 3% , бидејќи спроведувањето на санкциите за руската сурова нафта транспортирана по море ја намали загриженоста за прекумерното снабдување, додека кинеското олеснување на ограничувањата поради пандемијата Ковид-19 ги поттикна изгледите за поголема побарувачка за „црното злато“.

Во меѓувреме, сепак, Белата куќа објави дека не очекува воведувањето на највисока цена за увоз на руска нафта која е од важност во гормирањето на цената на нафтата.

Руските власти претходно укажаа на опасност од хаос на светскиот пазар на нафта и ланците за снабдување доколку Западот воведе горна гранична цена за продажба на руската нафта. Се чини дека ваквото сценарио почнува да се остварува. Барем судејќи по вестите кои доаѓаат од Турција. Имено, во територијалните води на таа земја во понеделникот дојде до застој на танкер откако стапија на сила намалувањето на цената на руската нафта. Ова го објави британскиот медиум Фајненшл тајмс.

Метежот е предизвикан од тоа што Турција побара дополнителна потврда за осигурувањето на танкерот. Деветнаесет танкери со нафта чекаат дозвола за влез во Босфор и Дарданели, а првиот пристигна на 29 ноември и таму веќе шест дена чека во ред, наведува ФТ при тоа пишувајќи дека дел од нив е и руски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот