Заминуваат од безбедносни причини: Стејт департментот повлекува дел од американските дипломати во Мјанмар

Стејт департмент/ Фото: МИА

Американскиот Стејт департмент ги повлекува неприоритетните дипломати и членовите на нивните семејства од Мјанмар поради безбедносни причини.

Повеќе од 520 луѓе загинаа за време на протестите, што почнаа на 1 февруари, откако армијата ја презеде власта и уапси владини претставници.

Воооружени етнички групи, кои контролираат поголеми подрачја воглавно во пограничните региони, се заканија дека ќе се придруижат на демонстрантите ако армијата не го запре насилството.

Советот за безбедност на Обединети нации, на барање на Велика Британија, денеска ќе одржи вонредна седница за ситуацијата во Мјанмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот