Замената за Ван Дајк чини 90 милиони евра

epa08029894 Virgil van Dijk (R) of Liverpool and Kalidou Koulibaly of Napoli embrace after the UEFA Champions League Group E match between Liverpool and SSC Napoli in Liverpool, Britain, 27 November 2019. EPA-EFE/PETER POWELL

Англискиот шампион во зимскиот преоден рок ќе тргне го засилување во одбраната.

Ливерпул уште на самиот старт остана без столбот во одбраната и најдобриот дефанзивец на светот, Вирџил ван Дајк, кој ќе отсуствува цела сезона.

Поради тоа, менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп и управата во зимскиот преодек рок ќе мора да донесат замена за одличниот холандски репрезентативец.

Според италијанските медиуми, изборот на Ливерпул е штоперот на Наполи, Калиду Кулибали кој се смета за еден од најдобрите дефанзивци на светот, но обесштетувањето е астрономскo.

За Кулибали изминатото лето се интерсираа и други англиски екипи, Манчестер сити и Челси кои нудеа околу 70 милиони евра, но претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис бара 90 милиони евра и постои голема можност во јануари идната година да ги добие од Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот