Заклучно до 12.00 часот: Попишани се 1 395 000 лица

Попишувачи Попис 2021
Попишувачи / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Заклучно до денеска до 12.00 часот попишани се вкупно 1 395 000 граѓани, над 435 000 домакинства и над 600 000 станови. До денеска заклучно до 12.00 часот се самопопишани 195 477 граѓани од дијаспората, информираше на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа.

Тој од името на Владата се заблагодари до сите граѓани кои веќе ја исполниле таа граѓанска должност и апелираше до остантите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани да го сторат истото.

– Остануваат уште само шест дена до реализирањето на процесот на регистрација на нсселението, домаќинствата и становите, посочи Хоџа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот