Захариевски уште една година на клупата на Струга Трим Лум

Фото: facebook.com/Fcstruga

Срѓан Захариевски ја продолжи соработката со прволигашкиот клуб и уште една година ќе ја води функцијата тренер.

Предводени од поранешниот македонски репрезентативец Струга Трим Лум стигна до историски успех освојувајќи го третото место во Првата лига и така обезбедувајќи настап на европската сцена.

Захариевски дојде во клубот на 12 март минатата година, а претходно ги водеше уште Металург и Пелистер.

Најавите велат дека стружани ќе бидат дел од новоформираната УЕФА Конференциска лига стартувајќи од првото квалификациско коло со надежи за достојно претставување.

Последен пат во шампионатот загубија на 20 март, а оттогаш во првенството до крајот на оваа сезона шестпати триумфираа и двапати одиграа нерешено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот