Загина момче, четворица се повредени кај Пробиштип

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на регионалниот пат Пробиштип-Круиште во близина на селото Бучиште, на самото место загина 18-годишно момче со иницијали В.Ј. од  Кочани, кое управувало со автомобил марка „сеад толедо” со кочански регистарски таблички. Во возилото имало уште четворица сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 години кои се повредени, од кои двајца се со тешки повреди.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации на терен, несреќата е пријавена утринава во 4:25 часот, а се случила откако возачот изгубил контрола над возилото по што излетало од коловозот.

На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска вели дека едното од момчињата е со тешки телесни повреди на главата, извршена е интервенција од страна на неврохирург и се наоѓа во шок соба, а второто момче е со повреди на белите дробови и е сместено на Одделението за хирургија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот