Заев: Падовите во делот на корупцијата во државата се случувале од 2006 до 2017 година

Посочи оти тоа е показател дека успешните политики даваат резултат, но треба уште многу да работиме како држава и како општество.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговарајќи на новинарско прашање за Индексот за корупција на Транспаренси интернешенел, рече дека падовите во делот на корупцијата се однесуваат на периодот од 2006 до 2017 година.

– Ако аналитички ја гледате структурата на извештајот тој е правен по пет параметри, во два параметри имаме сериозен успех, во два параметри немаат коментари за нас. Петтиот параметар каде што има негативен коментар за нас од 2017 година, можете да видите дека сето тоа што се падови во делот на корупцијата или развојот во делот на транспарентноста и корупцијата во државата се случувало во еден период од 2006 година се до 2017 година, таму е одбележано со коефициенти и потоа самите коефициенти почнуваат да се враќаат на позитивно ниво, рече Заев.

Прочитајте и...  АХВ: Максимално да се почитуваат препораките од СЗО за спречување на коронавирусот

Посочи оти тоа е показател дека успешните политики даваат резултат, но треба уште многу да работиме како држава и како општество.

Владата преку соопштение вчера реагираше на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал (ТИ), според кој годинава Македонија бележи пад од 13 места. Годинава земјата е рангирана на 106, а лани била на 93-то место.

Во соопштението од Владата се наведува дека за бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнале отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, но дека е потребно и независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија.

Од Владата наведуваат неколку активности што презеле за таа цел, како измени на Законот со кои на се зголемуваат надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа усвоена е Стратегијата за транспарентност на Владата, лансиран е порталот „Отворени финансии” со кој на увид на јавноста ги става сите минати, сегашни и идни финансиски трансакции, на буџетските корисници од Буџетот.

Прочитајте и...  Коронавирусот нè тресе и без треска

Прочитај повеќе

Ципрас: Не можеш да бараш солидарност од ЕУ, а да не покажуваш солидарност и поддршка кон грчките острови

Слободен печат

Македонците започнаа да ги празнат продавниците (ФОТО)

Слободен печат

Сите здравствени установи во Грција ги отповикаа вработените од редовите отсуства

МИА Агенција

ССМ апелира за почитување на препораките за заштита од коронавирусот

МИА Агенција

Трет заразен со коронавирус во Хрватска: Маж кој работи во Парма е хоспитализиран во Риека

Слободен печат

Хрватски научник од СЗО: Потребна е претпазливост, но никако паника за коронавирусот

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Фејсбук ќе забрани реклами за лекови или за превенција од новиот коронавирус

Слободен печат

Без струја утре делови од Центар и Кисела Вода

МИА Агенција

Шест деца позитивни на коронавирусот во Италија

Слободен печат

Ветер, грмотевици и град во Словенија и Хрватска

Слободен печат

Во Иран приведени 24 лица поради ширење гласини за новиот коронавирус

МИА Агенција

Рио се тресе, ама не од коронавирусот

Слободен печат