Заев одржува средба со лидерите на коалициските партии

Во седиштето на СДСМ вечерва се одржува средба на партискиот лидер Зоран Заев со првите луѓе на помалите партии коалициски партнери на СДСМ.

Се очекува на средбата Заев да ги информира лидерите на партиите членки на коалицијата на СДСМ за резултатите од лидерската средба што попладнево се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

На лидерската средба во вилата „Водно” беше договорно предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година и беше искажан јасен државен консензус дека лидерите на релевантните партии стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот