Заев: Нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите, нема да дозволиме причини за нови одлагања (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство- рече Заев.

Премиерот на Владата Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир одржаа заедничка прес-конференција во Владата на РСМ.

Имавме плоден состанок со новиот евроамбасадор, нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања, за нас е прифатлив нивниот принцип за реверзибилност на процесот доколку се случи деградација на демократскиот амбиент на нашата земја, но нашата обврска останува и ќе биде тоа да не се случи – рече Заев.

Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека Бугарите го сметаат за бугарски, ќе ги решиме овие прашања (ВИДЕО)

Тој истакна дека оптимизам внесуваат сигналите од нашите европски партнери, дека билатералните прашања не треба да бидат камен на сопнување во фазата на завршните преговори.

– Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство- рече Заев.

Ова е прва средба на премиерот Заев со евроамбасадорот Дејвид Гир, чиј мандат како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија е четири години.

Евроамбасадорот Гир: Треба да се реформираат сите области, особено владеењето на правото коешто е клучно во преговорите (ВИДЕО)

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир во понеделникот му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот