Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека Бугарите го сметаат за бугарски, ќе ги решиме овие прашања (ВИДЕО)

Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека Бугарите го сметаат за бугарски револуционер, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со евроамбасадорот Гир, Заев потсети дека ние го имаме Делчево град кој го носи името на револуционерот, Бугарите го имаат градот Гоце Делчев, а негови споменици има насекаде.

„Заедно се поклонивме со премиерот Бојко Борисов и на споменикот на Делчев во Благоеврград и на гробот на Гоце Делчев во Скопје”, рече Заев.

Според него, низ историските личности треба да се гледаме на можноста за зближување.

„Ако ги избегнуваме историските моменти, ги ставаме под тепих и не разговаравме за нив, тоа не е добра европска иднина на Западниот Балкан. Затоа имаме договор да ги решиме овие прашања”, додаде Заев.

Тој најави дека за прашањето за Гоце Делчев ќе разговара на средбата со Борисов која очекува да се случи пред 10 ноември во Софија, однеосно непосредно пред самитот на берлинскиот процес со кој коретседаваат Бугарија и Македонија и којшто треба да се одржи во Софија. Тоа, според Заев, би била негова прва официјална посета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот