Евроамбасадорот Гир: Треба да се реформираат сите области, особено владеењето на правото коешто е клучно во преговорите (ВИДЕО)

Европската делегација и посветениот персонал ќе стои на ваша страна, постојано ќе ви помага со ресусри и експертиза, се со цел да ја видиме Северна Македонија да стана дел од Европската Унија, рече евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната прес-конференција со премиерот на Владата Зоран Заев, која се одржа во Владата на РСМ.

-Сите одвај чекаме за започне формалниот почеток на преговарањето на земјата со Европската Унија. Земјата во оваа фаза постигна многу, кога станува збор за реформите, но исто така и во решавање на билатералните спорови со соседите- рече Дејвид Гир.

Треба да се реформираат сите области, потенцираше евроамбасадорот Гир, особено владеењето на правото, коешто е еден од клучните крастери во преговорите, според новата методологија за проширување на ЕУ.

Земјата ќе мора да одржи постојани напори во сферата на владеењето на правото до крајот на преговорите, истовремено поддржување на демократијата и одбраната на човековите права и заштитата на животната средина, како и одржлива економија, кои се дел од процесот, тие се супштитски елементи за опипливи позитивни прометни во живитот на граѓаните– рече Гир.

Гир ја потенцира важноста и на добрите добрососедски односи која што, како што рече, е исто така е дел од процесот на проширување, како што е и процесот за стабилизација и асоцијација и важно е договорите за добрососедските односи и Преспанскиот договорот да се продолжат добронамерно од сите.

Ова е прва средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, чиј мандат како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија е четири години.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гер во понеделникот му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот